Солскјер е новиот тренер на Манчестер јунајтед!

Оле Гунар Солскјер е назначен за нов тренер на Манчестер јунајтед. Легендатa на клубот се враќа на „Олд Трафорд“, но овојпат ќе седне на менаџерското столче. Солскјер доаѓа на местото на Жозе Мурињо, кој доби отказ поради слабите резултати.

Манчестер јунајтед на својата официјална интернет-страница објави дека Солскјер ќе биде наследникот на Мурињо, но веднаш ја повлече веста. „Солскјер ќе биде нашиот нов привремен менаџер, по 20 години откако ја освои тројната круна со овој гол на ’Камп ноу’“, стоеше во објавата, поткрепена со голот од финалето во ЛШ во 2009 година.

Дури и реномираниот „Мирор“ објави дека работата веќе е завршена.

Некогашниот норвешки репрезентативец одигра 10 сезони во дресот на Манчестер јунајтед и во 367 меча даде 128 голови. Негов најпознат и највреден гол е тој во финалето од Лигата на шампионите во 1999 година, кога Манчестер јунајтед на неверојатен начин го победи Баерн Минхен и стигна до европската круна. Токму Солскјер беше стрелец на шампионскиот погодок.

По завршување на играчката кариера, Солскјер три години беше тренер во резервниот тим на Манчестер јунајтед (2008-2011). Потоа замина во Молде, каде што беше тренер од 2011 до 2014 година. Потоа кратко замина во Кардиф, па во 2015 година повторно се врати на кормилото на норвешкиот тим.

Британскиот „Телеграф“ пренесува дека дури и норвешката премиерка Ерна Солберг се пофалила дека Солскјер ќе биде тренер на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести