Солскјер е подготвен да се врати на „Олд Трафорд“: Ако те замоли семејството, секогаш ќе кажеш „да“

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој беше отпуштен од клубот во ноември 2021 година, изјави дека секогаш би прифатил повторно да го преземе тимот доколку раководството тоа го побара од него.

Откако го напушти Манчестер јунајтед, Солскјер одби неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД, а се споменуваше и како кандидат за селектор на репрезентациите на Канада и на Шведска.

Меѓутоа, Норвежанецот моментно работи само како технички советник на УЕФА, што му овозможува повеќе време да поминува со своето семејство.

Раководството на Манчестер јунајтед го поддржа Ерик тен Хаг ова лето по долго размислување, но сега Холанѓанецот повторно е под притисок бидејќи резултатите повторно не се онакви какви што се очекуваат на „Олд Трафорд“.

Запрашан дали би се вратил како тренер на Манчестер јунајтед, Солскјер не размислуваше премногу за одговорот.

„Ако твоето семејство те замоли, секогаш ќе кажеш „да“. Не ми изгледа соодветно да зборувам за работата што во моментот ја имаат други луѓе, но, секако, би рекол – Да“, потврди Норвежанецот.

Солскјер го даде овој одговор за време на неговото учество на бизнис-форум во Осло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести