Легендата на Манчестер јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, е во преговори со Лестер, и наскоро би можел да постигне договор за враќање во Премиер лигата како менаџер.
Солскјер е главен фаворит за менаџерската функција во клубот кој експресно се врати во англиската елита.
Енцо Мареска беше тренерот кој го внесе Лестер во Премиер лигата, но Италијанецот го презеде Челзи, па клупата на Лисиците е празна.
Солскјер кој има 51 година, како тренер има работено во Манчестер јунајтед, Молде и Кардиф, а без клуб е од ноември 2021 година.