Солскјер: Клоп четири години го создаваше тимот на Ливерпул

Оле Гунар Солскјер ја доби подршката од челниците на Манчестер јунајтед и покрај поразот на „Олд Трафорд“ од Барнли. Првите луѓе на англискиот гигант немаат намера да бараат нов тренер веруваат дека Норвешанецот е вистинската личност за клупата на најтрофејниот англиски клуб.

Самиот Солскјер изрази благодарност на довербата и потсети дека истото го направиле Ливерпул со Јирген Клоп.

„Мое мислење е дека мораме многу да работиме. Може да видите дека и другите клубови многу добро работат. Јирген Клоп четири години го создаваше тимот на Ливерпул и сега им оди добро. Неколку пати го повторив тоа дека ништо не може да се направи експресно“, објасни Солскјер.

Според стратегот, Манчестер не може да направи драстична смена на играчите, посебно не во јануарскиот преоден рок.

„Нема да доведеме 8 до 10 нови играчи во еден преоден рок. Јануари е тежок за било какви трансфери, па затоа ни останува летниот преоден рок. Јас ќе се држам до мојот план. Се надевам дека работите ќе одат во позитивна насока“, додаде Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести