Изминатите неколку дена се покажаа како исклучително среќни за менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, бидејќи за само три дена, „црвените ѓаволи” ги совладаа Тотенхем и Манчестер сити.
Запрашан од новинар, колку му значи што ги победил тимовите на Мурињо и Гвардиола за пет дена, одговорот на норвешкиот тренер беше јасен и краток: „За три дена”.
Сите се насмеаја после оваа поправка на податокот. Слушнете ја изјавата на Солскјер:
https://twitter.com/i/status/1203625240326234112