Солскјер: На Манчестер нема да му требаат 30 години како на Ливерпул за да биде повторно првак

Манчестер јунајтед и Ливерпул го играат дербито на денот во фудбалска Европа. „Олд Трафорд“ е местото каде двата најтрофејни англиски клуба ќе ги одмерат силите. Ливерпул е лидер и има максимални 24 бода од осум меча, додека Манчестер со само девет бода е на еден бод од зоната за испаѓање.

Поради ваквата ситуација на табелата, тренерот на Манчестер, Оле гунар Солскјер е под постојани критики. Норвешкиот стратег најави дека ќе оди на победа, иако според коефициентите во Sport Life, гостите се големи фаворити за победа.

„Ние ќе одиме на победа. Ни реми нема да ни биде задоволувачко. Сигурен сум дека Манчестер наскоро ќе се врати на врвот и ќе ја освои титулата. На нас сигурно нема да ни требаат 30 години за да го направиме тоа. Еден добар резултат, една голема победа може да направи многу и играчите да добијат самодоверба. Ние сме Манчестер јунајтед и одиме на победа на секој меч, без разлика дали за противник го имаме Манчестер Сити, Ливерпул или некој друг ривал“, рече Солксјер.

Ливерпул последен пат победил на „Олд Трафорд“ во март 2014 година, а оттогаш Јунајтед има три победи, а три меча завршиле нерешено.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести