Поранешниот фудбалер, а подоцна и менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, уште еднаш повтори дека Црвените ѓаволи не го послушале неговиот совет и одбиле да го купат Ерлинг Халанд.
Солскјер откри дека пред пет години, кога беше тренер на Молде, за кого настапуваше Халанд, на својот поранешен тим му понудил да купи неименуван напаѓач и тоа за само четири милиони евра. Никој не се сомнева Солскјер мислел токму на Халанд.
„Го имав овој талентиран напаѓач каков што Јунајтед требаше да го има во своите редови. Шест месеци пред да ми понудат да бидам тренер, им го понудив овој фудбалер за четири милиони фунти. Но, не ме послушаа“, потсети уште еднаш Солскјер, на изјавата која првпат ја даде во 2021 година.
https://twitter.com/MUMUfootball/status/1657293695618564098?s=20
Наместо во Манчестер јунајтед, Ерлинг Халанд заврши во Ред Бул Салцбург, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд. Од минатото лето, Халанд е играч на Манчестер сити, и во својата прва сезона во Премиер лигата, ги собори сите голгетерски рекорди.