12.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Солскјер се враќа во Премиер лигата?

Норвешката фудбалска легенда Оле Гунар Солскјер би можел да се врати во Премиер лигата и да го преземе тимот на Вулверхемптон, кој викендов се раздели со менаџерот Витор Переира по катастрофалниот старт на сезоната.


Тимот е без победа и на дното на табелата во англиската елита. Покрај Солскјер, британските медиуми го споменуваат и името на Ерик тен Хаг, уште еден поранешен менаџер на Манчестер јунајтед.

Судбината на португалскиот стратег Витор Переира беше предодредена по поразот од Фулам со 0-3 во саботата, што предизвика гнев кај навивачите. Тие својата фрустрација ја насочија и кон Переира и кон кинеските сопственици на клубот.

Интересно, Переира го продолжи договорот со клубот само два месеца претходно.

Со отпуштањето на Переира, тој стана четвртиот менаџер во Премиер лигата оваа сезона кој ја загуби работата, придружувајќи им се на Нуно Еспирито Санто, Греам Потер и Анге Постекоглу.

- Оглас -

Најнови вести