Солскјер се враќа во Премиер лигата и ќе го преземе најпријатното изненадување

Оле Гунар Солскјер е пред тренерски кам-бек во Премиер лигата и според информациите од Англија тој ќе ја презеде екипата на Брајтон.

Норвежанецот којшто нешто помалку од една година е слободен агент по отказот од Манчестер јунајтед, ќе го пополни местото на Грахам Потер кој, пак отиде во редовите на Челзи.

Брајтон изминативе сезони игра одлично во Премиер лигата а речиси секој преоден рок ги продава најдобрите играчи и богато заработува, а тоа речиси и да не влијае на резултатите. Во моментов по шест одиграни натпревари, тимот е на четврттото место и има 13 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести