Солскјер со легендарна споредба: Тој е како убав тросед кој не се вклопува во дневната соба

Манчестер јунајтед ќе има тешка задача за да стигне до едно од првите четири места во Премиер лигата, кога ќе продолжат дуелите од англиското првенство. Тренерот Оле Гунар Солскјер верува дека во тимот има голем потенцијал.

„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до крајот на сезоната. Ние со нетрпение го чекаме продолжувањето. Чувствувам дека овој состав има потенцијал и верувам во сите играчи. Сакаме сезонава да ја завршиме на најдобро можно ниво, а следната сезона ќе се бориме за трофеи“, вели Солскјер.

На крајот од сезоната, на „Олд Трафорд“ треба да се врати и Алекси Санчес кој сега е позајмен во Интер. Санчес е најскапоплатениот играч во Јунајтед и неделно заработува 500.000 фунти. Сепак за Чилеанецот нема да има место во тимот на Манчестер, а Солскјер даде интересна споредба.

„Во Манчестер јунајтед секогаш има место за доби и квалитетни играчи. Сепак, некогаш кога ја уредувате дневната соба, може да купите тросед кој ќе биде многу убав и ќе ви се допаѓа, но сепак едноставно да не ви се вклопува во ентериерот“, вели Солскјер кој сепак не сакаше јавно да потенцира дека тоа се однесува за Алекси Санчес.

Манестер јунајтед во првиот меч по паузата поради Коронавирусот, в петок ќе игра против Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести