Солт Лејк Сити втор пат во 21 век ќе биде организатор на Зимски Олимписки Игри

Американскиот град Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри кои ќе бидат во 2034 година. Челниците на олимпискиот комитет решија втор пат да ја дадат довербата на главниот град на сојузната држава Јута. Солт Лејк Сити беше домаќин на ЗОИ во 2002 година.

Пред да биде Солт Лејк Сити домаќин на Игрите во 2034 година, зимски олимписки возбудувања ќе има во Милано во 2026 година, а потоа и на француските Алпи во 2030 година.

- Оглас -

Најнови вести