Солзи на збогувањето на Пике од фудбалот, повеќе од 90.000 навивачи на Камп Ноу му скандираа на дефанзивецот (Фото+Видео)

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, вечерва го одигра последниот меч на „Ноу Камп“ и во кариерата и од навивачите и соиграчите доби спектакуларно испраќање во пензија.

 

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, кој е голем пријател со Пике, за дуелот со Алмерија, му ја даде капитенската лента и го остави во игра до 85-та минута кога го замени со Андреас Кристенсен. Чави на овој птек се одлучи за да може Пике да добие овации од 93.000 навивачи на Камп Ноу, кои дојдоа специјално за дефанзивецот.

 

Токму оваа бројка е најголема посета на „Камп Ноу“ во последните три години, и кога почнаа да го скандираат неговото име, Пике не можеше да ги остане мирен, со солзи во очите го напушти теренот, се збогуваше со сите соиграчи кои ги кренаа на раце.

Жерар Пике е еден од најдобрите дефанзивци во последните 20-тина години кои ги освои сите трофеи што може да се освојат, Светско првенство, Европско првенство, три Лиги на шампиони, осум титули во Ла Лига, една во Премиер лига…

 

 

- Оглас -

Најнови вести