Сон или реалност: ПСЖ сака сезоната да ја заврши со четири титули, секако тука се смета и на трофејот во ЛШ

Пари Сен Жермен вечерва гостува кај Лориен, а со победа тимот на тренерот Луис Енрике може дури и да ја обезбеди титулата во домашното првенство. Со евентуални три бода од гостувањето кај Лориен, ПСЖ ќе дојде до 69 бодови и доколку Монако не слави во дербито против Лил, Светците и теоретски ќе бидат шампиони.

Енрике знае дека ПСЖ дали вечерва или некој друг ден, ќе го крене шампионскиот пехар, но тој е фокусиран и на другите натпреварувања. Францускиот гигант игра во полуфиналето на ЛШ, а е дел и од финалето во Купот на својата земја.

„Не ми е многу грижа кога и официјално ќе ја одбраниме титулата. До крајот на сезоната имаме уште сигурни осум меча, се надевам дека ќе има и деветти. На секој дуел ќе играме на победа. Потоа следуваат два полуфинални дуели со Борусија Дортмунд. Ние уште размислуваме за евентуална квадрупул, односно освојување на четири трофеи. Тоа би било историски момент за градот, за клубот. Сега за сега го имаме само трофејот во Суперкупот, треба да го обезбедиме пехарот во првенството, а на 25 мај играме и финале во Купот против Лион. Тоа е долг пат и треба да бидеме концентрирани“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести