Сон Хеунг-мин конечно си го оствари сонот и постигна гол против вечниот ривал на Тотенхем и ја погоди мрежата на Арсенал.
Репрезентативецот на Јужна Кореја го проби мразот против тимот што најдолго успеал да го задржи Сон без погодок.
Вчера тој го играше деветтиот меч против големиот ривал Арсенал и конечно постигна гол, првиот во победата од 2-0 во меч од четврт-финалето на Лига купот на Англија.
Против сите останати екипи кои играат во Премиер лигата, Сон многу порано постигнувал гол од постот од 8 меча, или досега не играл толку многу натпревари против нив.
Тотенхем благодарение на неговиот и на голот на Деле Али, се пласира во полуфиналето на популарниот Карабао куп, заедно со Челзи, Манчестер сити и екипата на Бартон.