Сон одигра меч од бајките, Челзи џабе потроши милијарда евра, Сити ја спаси честа на домаќините

Само една победа на домаќините и тоа благодарение на Манчестер сити во денешните пет дуели кои се одиграа во Премиер лигата. Шампионот на свој терен со 5:1 го победи Фулам, а прва ѕвезда на теренот беше Ерлинг Халанд.

Фудбалерот кој беше избран за најдобар во минатата сезона во изборот на УЕФА постигна три гола, а имаше и една асистенција. По еден гол постигнаа и Аке и Алварес, додека Реам беше стрелец на погодокот за Фулам. Халанд сега стигна до бројката од 50 голови во кои бил директно инволвиран (41 гол и 9 асистенции), во само 39 меча, надминувајќи го рекордот на Ендрју Кол на кој тоа му успеа во 43 одиграни дуели.

Тотенхем губеше со 1:0 на гости кај Барнли, но на крајот стигна до убедлива победа од 5:1. Сон Хеунг-Мин одигра блескав меч ппостигнувајќи хе-трик. Ова е четврти хет-трик за Сон во премиерлигашки дуел.

Најголемото изненадување го направи Нотинхем Форест кој победи на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи. Иако Челзи е тимот кој во последно време потроши повеќе од една милијарда евра за нови засилувања, на теренот делува очајно. Еланга погоди во 48 минута и тоа беше доволно за Нотингем Форест да се радува на ова гостување.

Без победник одиграа Брентфорд и Борнмут во меч кој заврши 2:2. Порано денеска, Шефилд јунајтед и Евертон одиграа 2:2, во меч на кој беше постигнат еден од најбизарните погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести