Бизарен автогол на репрезентативниот голман на Англија (Видео)

Шефилд јунајтед и Евертон ремизираа 2:2 во првиот меч од Премиер лигата одигран денеска. Возбудлив и полн со голови беше мечот на кој на крајот двете екипи освоија по еден гол.

Евертон во 14 минута, а до крајот на првото полувреме домаќините направија пресврт. Моментот кој го одбележа не само првото полувреме туку цел меч се случи во судиското надополнување. Домаќините беа во напад, шутираше Арчер, а гостинскиот голман Џордан Пикфорд се истегна колку што е долг, но не ја сопре топката.

Топката заврши во стативата, а потоа се одби и удри директно во грбот на паднатиот Пикфорд и на крајот заврши во мрежата. Овој бизарен автогол може да го видите ТУКА.

Евертон во вториот дел успеа да постигне гол и стигна до 2:2, па тимот од Ливерпул го освои првиот бод сезонава и тоа дури во четвртото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести