Сон влезе во историјата на Тотенхем и азискиот фудбал (Видео)

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, со првиот од двата погодоци кои ги постигна денеска против Астон вила, стана првиот азиски фудбалер кој постигнал 50 гола во Премиерлигата. Ваков јубилеј нема ниту еден друг играч од Азија. За негова среќа, со осмиот гол на Кореецот сезонава, погоди за 2-1 за Тотенхем на гостувањето во Бирмингем, а подоцна го даде и клучниот во 94-та минута.

Сон е шести играч во клупската историја на Тотенхем со 50 премиерлигашки голови во дресот на овој лондонски клуб. Пред него се само Хари Кејн, Теди Шерингам, Џермејн Дефо и Роби Кин, а со Кристијан Ериксен со делат петтото место.

„Вила парк“ е едно од двете најнепријатни места за гостување за Жозе Мурињо. Португалскиот стратег од седум гостувања кај Астон вила, само двапати се вратил како победник, а полош скор има само во Њукасл, каде е без победа на седум гостувања.

https://twitter.com/i/status/1229071494723932160

- Оглас -

Најнови вести