Сонародникот добро го испоти: Ѓоковиќ надополнуваше негатива за прв триумф во Виена

Новак Ѓоковиќ се пласираше во втората рунда од АТП 500 турнирот во Виена по триумфот со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови против сонародникот Филип Краиновиќ. Првиот светски рекет тргна во атак на трофејот од австрискиот турнир, кој го освоил само еднаш во кариерата, и тоа во 2007 година.

Првиот светски рекет се помачи за победата откако мораше да се враќа од 3-5 негатива во гемови во првиот сет, спасувајќи две брејк-топки, по што за водство во сетови дојде по освоениот тајбрејк со 8-6.

Краиновиќ поведе во вториот сет, на што Новак одговори со нов, трет брејк во мечот и пресврт од 3-1 во гемови. Триесетторангираниот тенисер даваше отпор во наредните три гема кои се играа на разлика, од кои два освои по четири спасени брејк-топки, но Ѓоковиќ ја искористи првата меч-топка.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Хрватот Борна Чориќ.

- Оглас -

Најнови вести