Алекс Сонг е еден од деветтемина фудбалери на Сион што добија откази отако не прифатија да им се намалат платите, но сега приказната ќе има и второ полувреме.
Поранешниот играч на Арсенал и на Барселона веќе ја информираше ФИФА за незаконската постапка на швајцарскиот прволигаш и бара заштита на своите права.
Сонг не прифати да има плата од 12 илјади евра, колку што предложи претседателот на Сион, Кристијан Константин, а веќе најави и жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
Со него беа отпуштени уште осуммина играчи на Сион.