Сонот на Циндриќ бил да заигра за Барселона, но за фудбалскиот клуб

Лука Циндриќ од денес и официјално е ново засилување на Барселона, откако Хрватот се согласи на четиригодишен договор со шпанскиот ракометен гигант. Дваесетипетгодишниот бек го направи трансферот на кариерата со надеж дека набрзо повторно ќе ја освои европската титула, откако претходно го стори тоа со Вардар во 2017 година.

При првото интервју за новиот клуб, Циндриќ истакна дека сонувал да игра за Барселона, но за фудбалскиот клуб, бидејќи како мал прво се занимавал со фудбал, а дури потоа се пррефрлил на ракомет.

„Барселона има амбиции кои ми одговараат, затоа и дојдов тука. Сигурен сум дека од мене многу ќе очекуваат, но јас сум подготвен на секој предизвик. Инаку, морам да признаам сонував да заиграм за Барселона, но не за ракометниот клуб, туку за фудбалскиот. Како мал прво сакав да станам фудбалер, но се пронајдов во ракометот и не згрешив. Можеби токму во овој спорт придонесам повеќе за овој огромен колектив“, истакна Циндриќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести