Лука Циндриќ потпиша четиригодишен договор со Барса

Хрватот Лука Циндриќ е нов член на ракометниот гигант Барселона, со која потпиша четиригодишен договор. Овој 25-годишен бек, висок 182 сантиметри во Барса доаѓа од Виве Кјелце, а пред две сезони со Вардар ја освои европската титула. На фајнал форот во 2017 година, Циндриќ го даде голот за победа на скопскиот тим над Барса во полуфиналето.

Циндриќ со Раул Ентрериос и Арон Палмарсон ќе сочинуваат силна бековска линија. Лука во минатата сезона во ЛШ даде 59 гола, но негова примарна задача е да ги разигрува соиграчите, иако и самиот има солиден шут од далечина. Дебито во ЛШ, Циндриќ го имаше како играч на Металург, од каде што премина во Вардар.

- Оглас -

Најнови вести