Неверојатната приказна за Интер Мајами и Лионел Меси е крунисана со првиот трофеј во клупската историја. Интер Мајами е освојувач на Лига купот, откако во финалето, дури по подобро изведување на пенали го победија Нешвил.
Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а потоа мораше да се шутираат пенали за да се дознае шампионот. Неверојатни 11 пенал серии требаше да се изведат, за на крајот Интер Мајами да победи со 10:9, а Меси и другарите испишат историја во својот клуб.
И во финалето, Меси беше во центарот на вниманието. Аргентинецот имаше шоу кое беше крунисано со гол во 23 минута, кога Интер Мајами дојде во водство од 1:0. Фантастичниот гол на Меси може да го видите ТУКА.
https://twitter.com/i/status/1693075081788871090
Во вториот дел Нешвил кој играше на домашен терен, сепка успеа да се врати во игра и со погодокот во 57 минута резултатот беше израмнет на 1:1. До крајот на регуларните 90 минути не се менуваше резултатот, па мораа да се шутираат пенали. Меси беше првиот што шутираше и секако дека погоди. Во втората серија промаши еден играч на Нешвил и Интер Мајами имаше голема шанса да се радува по регуларните пет изведени пенали. Сепак, во петата серија Улоа промаши и драмата продолжи.
Во следните 10 пенали погодуваа фудбалерите на двата тима и дојде редот да изведуваат голманите. Чуварот на мрежата на Интер Мајами погоди, но Паницо кој брани за Нешвил беше непрецизен и трофејот замина во витрините на Интер Мајами.
Пенал драмата и сите 22 изведени пенали може да ги видите ТУКА.