5.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Соопштение на „Мајмуни“: Обезбедивме тим, но некој „главец“ не дозволи нашиот напор да успее

Навивачката група „Мајмуни“ од Прилеп се огласи во јавноста по повод ситуацијата околу ФК Победа за која уште не се знае дали ќе игра во пролетниот дел од сезоната во Втората лига МФЛ, кој почнува в сабота.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

И „покрај сите наши напори за да не згасни нашата икона, не беше успешен нашиот напор..и покрај обезбеден тим кој можи да се носи најмалце до бараж тоа не го дозволи некој „голем главец” …

Ние како група застанавме позади секоја организација но под услов ниту еден од претходна управа да не биди присутен до крајот на сезоната .. изненадувачки тоа го прифатија иако е тоа само шанса да се тргнат од сите ,тупурдииʼ кои ги направиле.

Ние како група знаеме кој и колку е крив за лошото на овој клуб, но знаеме и кој колку ветуваше од 2014 па се до денес, но сите си ја префрлуваа топката. Единствен начин да истите тие кои ветуваа спас на Победа да го променат мислењето кај Прилепчани е следно…..

МОРА ОДГОВОРНОСТ … ЈАВНО КОЈ КОЛКУ и КАДЕ НАШТЕТИЛПОБЕДА ОД ДЕНЕС ИМА ЛЕГЕНДИ ОД СИТЕ КРАЕВИ САМО НЕ ПРИЛЕПЧАНИ ОД ПРИЛЕП

До следно видување..Мајмуни и Прилеп не забораваат.

п.с од несигурни извори дознаваме дека и Општина Прилеп ги побарале назад во нивната зграда клучевите од градскиот стадион .. секоја чест“.

 

- Оглас -

Најнови вести