Сопругата го издаде Кејн, сега веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата

Договорот на Хари Кејн и Тотенхем истекува следното лето, а премиерлигашот исистира да го продаде и да заработи од неговиот трансфер. Интерес за фудбалерот имаше од Реал Мадрид и ПСЖ, но тие се откажаа. Во последно време се споменува и Ал-Хилал, кој има многу мали шанси за да го добие потписот на репрезентативецот на Англија.

Единствената опција за Кејн во моментов е трансфер во Баерн Минхен, а неговата сопруга, Кејти Гудланд, е видена како разгледува куќи токму во Минхен. Англичанецот планира со целото семејство да се пресели во Германија, а единствениот мотив за заминувањето од Тотенхем е желбата да освојува трофеи.

- Оглас -

Најнови вести