Сопругата на Дани Алвес се огласи по обвинувањата за сексуално малтретирање

Шпанската манекенка, Хоана Санс, која е сопруга на најтрофејниот фудбалер на светот, Бразилецот Даниел Алвес, му даде поддршка на бекот по обвинувањата на негова адреса дека сексуално нападнал некоја девојка на 30 декември во Барселона.

Алвес негираше такво нешто, а и сопругата Хоана застана во негова одбрана.

„На 30-ти се вративме во Барселона и вечерта тој излезе со пријатели за да не мисли на Светското првенство. Играл и уживал во музиката, нема ништо погрешно во тоа. Многупати сум видела жени како му приоѓаат и се обидуваат да му понудат нешто и тоа пред мои очи. Ако така се однесуваат пред мене, можам да замислам што се случува кога не сум со него. Го познавам мојот сопруг, знам дека е човек кој ги почитува сите“, вели Санс.

Според шпанските медиуми, Алвес е обвинет дека за време на забавата ја ставил раката во гаќите на една жена.

- Оглас -

Најнови вести