Полскиот голгетер Роберт Левандовски ја игра веројатно својата последна сезона во дресот на Барселона. Ова го најави неговата сопруга Ана во интервју за полски медиум.
„Ќе видиме како ќе помине сезоната во Барселона, бидејќи, да речеме, веројатно ќе биде последната сезона тука за мојот сопруг, па затоа ја исцедуваме секоја капка од неа. Уживаме во секој момент, во секој натпревар со навивачите, бидејќи знаеме дека еден ден нема да имаме ништо од ова“, откри Ана Левандовска.
Левандовски нема да има проблеми со наоѓање клуб и покрај тоа што има 37 години. Неговата физичка состојба е одлична, а има понуди од Италија, САД и Саудиска Арабија.

