Американскиот конзорциум БлуКо, кој минатата година го купи Челзи, сега купи уште еден клуб, и тоа во Франција. Се работи за прволигашот Стразбур, а купопродажниот договор за мнозинскиот пакет од акциите тежи 70 милиони евра.
„Чест ни е што ќе бидеме дел од овој историски клуб. Оваа стратешка инвестиција ќе ја зајакне нашата присутност во европскиот фудбал заедно со нашиот удел во Челзи“, се вели во соопштението на американскиот конзорциум.
Тод Бојли, кој е на чело на конзорциумот и на Челзи се одлучи да не менува ништо во раководството на клубот и Марк Келер да остане претседател на клубот од регионот Алзас.
Сепак, ваква одлука на раководството на клубот да продадат дел од акциите на сопственикот на Челзи наиде на негодување кај навивачите на Стразбур, кои јасно му порачаа на Бојли: „Не си добредојден во нашиот клуб“.