Александер Сорлот беше побрз и од судијата и од голманот на Башакшехир и со погодок во 95-тата минута му донесе голем бод на својот тим Трабзонспор.
Норвешкиот репрезентативец погоди за 2:2 во петтата минута од судиското продолжение и предизвика огромна радост во таборот на гостите.
Башакшехир беше на прагот на победата откако направи пресврт и со головите на Вишча и на Шкртел го анулираше водечкиот погодок за Трабзонспор, дело на Даниел Стариџ.
Но, 23-годишниот напаѓач на гостите и актуелен норвешки репрезентативец не се предаваше и со удар со глава го совлада Мерт Гунок, кој лошо го процени летот на топката, па во Истанбул двете екипи освоија по еден бод во последниот меч од деветтото коло во Суперлигата на Турција.
https://www.youtube.com/watch?v=TpCr8FwC4Hc