Состанок на „Олд Трафорд“ по инвазијата на навивачите, ќе се игра ли дербито два часа подоцна?

Претставниците на Манчестер јунајтед и Ливерпул имаат состанок со официјалните лица на Премиерлигата, но сепак најверојатно е дека дербито на 34. коло во Премиерлигата ќе се игра, од 19:30 часот, или два часа подоцна од предвидениот термин.

На неколку часа пред мечот навивачите на Манчестер јунајтед протестираа против сопствениците на клубот и извршија вистинска инвазија на теренот на „Олд Трафорд“.

Потоа се утврдуваше што и колку е оштетено, а има проблеми со тревникот на одредени делови и со камерите за ТВ пренос.

- Оглас -

Најнови вести