Социјалните мрежи го „подбраа“ Мбапе: Французинот ја почувствува разликата меѓу шпанското и француското првенство

Екипата на Мајорка во минатата сезона заврши на 15-тото место во шпанското првенство и за малку ќе испаднеше од елитното друштво, но сега започна одлично и на свој терен одигра 1:1 против шампионот Реал Мадрид. На овој дуел, деби во шпанското првенство имаше Килијан Мбапе.

Француската суперѕвезда летово дојде во Реал Мадрид, но во првото коло не се снајде најдобро. Мбапе делуваше немоќно против одбраната на Мајорка, а по добиените оценки, токму тој беше најслабо оценет играч на Реал Мадрид кој игра во офанзивниот дел.

Корисниците на социјалните мрежи не го поштедија Мбапе и решија да го „закачнат“ дека шпанското првенство е на многу повисоко рамниште од француската лига, каде што Мбапе со леснотија постигнуваше многу погодоци.

Мбапе дебитираше за Реал во меч против Аталанта во Суперкупот на УЕФА и постигна гол, но сега во шпанското првенство лошо му тргна на гостувањето кај Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести