Ливерпул нареди четири порази по ред во Премиер лигата, исто колку што имаше во текот на цела претходна сезона кога стана првак. Токму затоа, гигантот од „Енфилд роуд“ е под голем притисок дека мора да победи против Астон вила, ривал кој знае да биде доста опасен.
Традицијата вели дека Мохамед Салах треба да биде најголема опасност за гостите. Египетскиот голгетер има постигнато три погодоци на последните четири меча со Астон вила. Да погоди и вечерва, квотата е 2.20, а да биде стрелец на првиот гол, квотата е дури пет.
Освен тоа што Салах е голгетерски расположен, на последните четири дуели на овие ривали имало два автоголови, што не е многу вообичаено. Ако сега се случи да има автогол, квотата е осум, а првиот погодок всушност да биде автогол е дури 20.


