Спалети доби понуда која тешко се одбива

Лучано Спалети му ја донесе титулата на Наполи во Серија А по пауза од 33 години и одлучи да си земе едногодишна пауза, но сè поизвесно е дека ќе му се врати на фудбалот.

Спалети поради лошите односи со првиот човек на Наполи, Аирелио де Лаурентис, го напушти клубот, но сега доби понуда од саудискиот Ал-Ахли.

За тоа колку се сериозни во Ал-Ахли да го ангажираат Спалети, најдобро покажува податокот дека првиот човек да тимот заминал во Италија за лично да го убеди тренерот да ја прифати понудата.

Ал-Ахли летово веќе донесе две засилувања од Премиер лигата, Роберто Фирмињо и Едуар Менди, а пред реализација се и трансферите на Алан сен Максиман од Њукасл и Ријад Марез од Манчестер сити.

Италијанските медиуми пишуваат дека заедно со Спалети, во Саудиска Арабија може да дојде и играчот на Наполи, Пјотр Зјелински за кого Ал-Ахли нуди 25 милиони евра отштета и многу поголема плата од таа што фудбалерот ја има во Италија.

- Оглас -

Најнови вести