Спалети е готов, се скара со кланот Де Лаурентис – Наполи го бара тренерот што го создаде италијанското чудо

Лучијано Спалети му се спротивставил на Едо де Лаурентис, кој е потпретседател на Наполи, а кавгата се обиде да ја сокрие клубот по поразот од Емполи, што ги урна шансите за титулата.

Семејството Лаурентис, предводено од главните алки, Аурелио и Едо сакале реприза од 2019 година и сите играчи и стручниот штаб да одат во карантин од денеска, но се спротивставил тренерот Спалети, па мерките се помеки и нема да има изолација во хотел.

Истото сценарио на Наполи му се случи во финшот на 2019 година, кога семејството Лаурентис, во чија сопственост е клубот одлучи да има целосен карантин, а играчите и тогашниот тренер Карло Анчелоти се побунија.

Скандалот се влечеше до крајот на годината, а настрада тренерот и беше сменет. Сега се репризира целата ситуација, а се најавува дека ќе биде сменет Спалети и главен кандидат за неговата позиција е Џанпјеро Гасперини, човекот што го создаде италијанското чудо, Аталанта.

„Газета дело спорт“ објави дека Наполитанците сакаат да го ангажираат Гасперини, а кандидати се уште и Роберто де Ѕерби и Винченцо Италијано.

Спалети има договор на уште една сезона со Наполи и ако добие отказ клубот ќе мора да му плати отштета од 6 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести