7.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Спалети е прв фаворит за клупата на Јувентус, во трката е и Паладино

Игор Тудор замина од тренерската позиција на Јувентус. Италијанскиот гигант му даде отказ поради серијата лоши резултати, а како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Лучијано Спалети и Рафаеле Паладино.

Црната серија од три порази по ред и четири натпревари без постигнат гол го чинеа отказ хрватскиот стратег.

Според информациите од Италија, најсериозни кандидати за нов тренер на Јувентус се Лучијано Спалети и Рафаеле Паладино. Спалети е слободен од јуни, откако беше разрешен од функцијата селектор на италијанската репрезентација, додека Паладино на крајот од сезоната 2024/25 спогодбено ја напушти клупата на Фиорентина.

Клубот потврди дека тимот привремено ќе го води Масимилијано Брамбиља, тренер на втората екипа на Јувентус. Тој ќе биде на клупата за следните два дена, вклучително и за натпреварот во наредното коло од Серија А против Удинезе.

Тудор стана тренер на Јувентус кон крајот на март, по отказот на Тијаго Мота поради лоши резултати. Тој успеа да ја стабилизира екипата и да обезбеди место во Лигата на шампионите, што му донесе продолжување на договорот и за оваа сезона. Сепак, во новата сезона резултатите беа далеку од очекуваното – во 24 натпревари оствари 10 победи, осум ремија и шест порази.

- Оглас -

Најнови вести