Спалети го измеша составот, дури пет нови стартери во однос на мечот со Хрватска

Селекторот на Италија, Лучано Спалети, со дури пет нови имиња во почетниот состав во однос на претходниот нивен меч на ЕВРО 2024, против Хрватска, тргнува во осминафинална битка против Швајцарија.

Ако Швајцарците кроеле тактика според формацијата и составот кој Италија го имаше на дуелот со Хрватска, тогаш тактички се изненадени.

Спалети не можеше да смета на одличниот стопер Калафиори кој е суспендиран поради жолти картони, па тоа е принудна измена и на негово место е Манчини. Има уште една изненадувачка новина Ел Шарави кој ќе игра во нападот со Скамака.

Од оние што беа стартери против Хрватска, сега на клупа се и Димарко, Жоржињо, Распадори, Ретеги и Пелегрини, а освен Ел Шарави, Манчини и Скамака, шанса добија и Кристанте и Фаџоли.

Еве ги почетните состави за првото осминафинале на ЕП:

Швајцарија: Зомер, Шер, Аканџи, Родригез, Ридер, Џака, Фројлер, Ебишер, Ндоје, Емболо, Варгас.

Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Дармијан, Барела, Кристанте, Фаџоли, Киеза, Ел Шарави, Скамака.

- Оглас -

Најнови вести