Спалети не е задоволен пред ЕП: „Имаме дупки кои мора брзо да ги пополниме“

Репрезентацијата на Италија одигра реми без голови, 0-0, против Турција и забележа минимална победа од 1-0 против Босна и Херцеговина на пријателските натпревари пред настапот на Европското првенство во Германија. Селекторот на бранителот на титулата, Лучано Спалети, вели дека не е најзадоволен од прикажаното, но сега следуваат натпреварите на кои ќе го прикажат вистинското лице.

„Натпреварот против БиХ беше добар, иако ја немаше вистинската енергија. Имавме многу лесни и сигурни проигрувања, но не бевме добри во завршницата. Моравме да реализираме и да постигнеме повеќе голови. Требаше повеќе да го притискаме противникот. Сигурни сме дека имаме добра екипа и сега ги очекуваме оние вистинските натпревари. На двата контролни натпревари имавме различни екипи, бидејќи сакавме да пробаме повеќе комбинации. Имаме дупки кои мора да ги пополниме, а немаме многу време до почетокот на ЕП“, рече Спалети.

Италија е во групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска и Албанија, а токму нашиот западен сосед е нивниот прв противник на 15 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести