Елиф Елмас е херојот на Наполи. Македонскиот репрезентативец го постигна единствениот гол во синоќешната победа на Наполи на гости кај Милан со 1:0.
Уште во петtата минута, Елмас одлично се снајде и со глава го матираше домашниот голман, а тој потег на крајот се покажа и како клучен за триумф на гостите од Неапол.
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, секогаш има доверба во Елиф и не штеди пофални зборови за Елмас.
„Елмас е играч кој знае сè да направи. Тој веќе е шампион“, рече тренерот на Наполи за македонскиот репрезентативец.
Интересно е дека пред дуелот на „Сан Сиро“, Елмас преку социјалните мрежи имал разговор со неговиот соиграч од репрезентацијата Стефан Ристовски во кој Елиф открива дека првпат на „Сан Сиро“ го однел Горан Пандев.
„Паметам, беше 2010 година. Бате Горан (н.з. Пандев) ме донесе. Првпат со солзи го гледав. Сега играм тука“, бил коментарот на Елмас, а Ристовски само го потсетил дека тоа е магијата на фудбалот.