Спалети останува на кормилото на Италија и покрај раната елиминација од ЕВРО 2024

Италија отпадна многу рано, уште во осминафиналето на Европското првенство, по синоќешниот пораз (2-0) од Швајцарија, но челниците на федерацијата му дадоа несомнена поддршка на селекторот Лучијано Спалети да продолжи да работи со националниот тим.

Италијанските медиуми откриваат дека раководството на ФИГЦ на итен состанок донело одлука Спалети да продолжи со своите обврски како селектор на Аѕурите, функција на која беше избран во август 2023 година.

„Мојата мисија ќе биде уште повеќе да го подмладам националниот тим и да го подготвам да биде конкурентен за следните предизвици“, изјави Спалети.

Тој ќе остане на кормилото на Италија до 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести