Јувентус вечерва против Галатасарај за првпат после 67 години прими 5 гола на еден меч во европските купови, загуби со 2-5 и ќе има тешка задача да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Ова е катастрофален резултат за Старата дама, чиј тренер Лучано Спалети, рече дека ќе се обидат да ја „искачат планината“ на реваншот.
„Направивме три чекори назад. Потфрливме во карактерот. Многу рано добивме некои жолти картони и потоа ризикувавме. Бевме невнимателни. Мора да ја подобриме одбраната. Ако напаѓате мнгу скеогаш постои ризик да примите гол ако одбраната не е на ниво. Ќе се обидеме да се организираме и да ја искачиме планината на реваншот. Не смееме да ги повториме грешките“, рече Спалети.

