Спартанците надиграни од јужниот сосед

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена од Грција со 0-3 (по сетови 22-25, 21-25, 18-25) во дуел од Златната европска лига, одигран во Даугавпилс, Летонија.

Нашите репрезентативци почнаа добро, во првиот сет водеа со 16-13, но противникот до серија од 6-1 го презеде водството и контролата врз сетот кој на крај успеаја и да го добијат. Во вториот и третиот сет фаворитот беше подобар и рутински ги освои.

За Македонија е трети пораз по четири настапи во Златната лига. Сега следуваат два меча на домашен терен, во Струмица ќе ни гостуваат Израел и Црна Гора. Црногорците засега имаат три порази на три меча, додека Израел ги доби двата меча досега и како и Грција, кандидат е за место на фајнал-форот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести