Спасителот Ориги го остави Ливерпул во трка за титулата во Премиер лигата

Ливерпул со тешки напори успеа да слави кај Њукасл со конечни 3-2 во мечот од 37-то коло во Премиер лигата. Црвените повторно се лидери на табелата со два бода повеќе од Манчестер сити, и воедно останаа во трката за шампионската титула. Сепак, триумфот нема да биде толку сладок за Јирген Клоп, предводникот на Ливерпул остана без најдобриот поединец Мохамед Салах, кој се повреди во второто полувреме.

Египѓанецот при судир со голманот на домаќините Дубравка се здоби со повреда на главата, по што не можеше сам да го напушти тревникот. Салах беше изнесен на носилки, па сега неговиот настап во реваншот против Барселона во Лигата на шампионите е неизвесен.

Моментот кога се повреди Салах во 68-та минута можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Ливерпул во два наврати дојде до водство со погодоците на Ван Дајк и Салах во првото полувреме, но фудбалерите на Рафа Бенитез одлично одговорија на секој предизвик и не се предадоа ниту по 1-0, ниту по 2-1. Атсу и Рондон се стрелците на головите со кои Њукасл за малку ќе издвоеше бод, да не беше Дивок Ориги.

Белгиецот за трите бода погоди во 86-тата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=e-8KVFzJ-y8&feature=youtu.be

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести