Спектакл на Маракана: Џон Кенеди го реши финалето на Копа Либертадорес (Видео)

Екипата на Флуминенсе дојде до својот прв, историски, трофеј од најпрестижното натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес. Тие во своето второ финале до трофејот дојдоа откако дури после продолженија беа подобри од Бока Јуниорс со 2-1.

Резултатот го отвори аргентинецот Херман Кано, кој настапува за бразилски Флуминенсе, а во второто полувреме Бока израмни преку Луис Адвинкула во 72-рата минута.

После регуларните 90 минути немаше победник, но шампионот на Јужна Америка го добивме во продолжението и тоа со погодокот на фудбалерот со славно име и презиме, Џон Кенеди, кој успеа да погоди во 99-тата минута. Веднаш потоа тој заработи втор жолт картон за прославата на голот и беше исклучен.

За Бока Јуниорс ова беше 12-то финале, но ќе останат на шест трофеи, од кои последниот го освоија во 2007-мата година.

- Оглас -

Најнови вести