Спектакл во најава: Фјури и Вајлдер ја комплетираат боксерската „трилогија“

Тајсон Фјури и Дејонте Вајлдер по трет пат ќе ги одмерат силите, во можеби и најдобриот бокс меч во последната декада.

Рано утринава, во 04:00 часот по Средноевропско време, „Кралот на Ромите“ ќе ја бара втората победа над американскиот боксер во дуел кој ќе се одржи во Лас Вегас, Невада.

Двајцата тешкаши ќе се борат за ВБЦ титулата, а тоа значи дека победникот ќе биде апсолутен шампион во оваа категорија.

Според многумина, фаворит е токму Фјури, а идентично мислење има и Sport Life, кои во својата понуда имаат квота од 1.40 за негов триумф. Додека, пак, за Вајлдер е понуден коефициент од 3.25. За нерешено по 12 рунди квотата изнесува 20.

Во претходните две средби, овие двајца боксери приредија вистински спектакл, а такво нешто се очекува и рано утринава, иако на мерењето покажаа дека малку ја покачиле својата килажа.

- Оглас -

Најнови вести