Спектакл во режија на Меси – Со Паненка го прослави 700-тиот гол во кариерата (Видео)

Лионел Меси го постигна 700-тиот гол во кариерата, а прекрасниот јубилеј го зачини како што доликува, со познатата Паненка, или стил на изведување пенали што е најмаркантен во историјата на фудбалот.

За пеналот што беше досуден во 50-тата минута уште долго ќе се коментира, но тоа не го загрижи најдобриот стрелец во историјата на Барселона за да погоди и да и ја врати предноста на Барселона против Атлетико Мадрид.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1278074061231280132?s=20

Каталонците потоа примија уште еден гол од пенал и на половина час до крајот на дербито на 33-тото коло во Ла Лига резултатот е 2:2. Првиот гол на мечот беше автоголот на Диего Коста во 11-тата минута, а потоа се случи и првиот контроверзен момент на дербито.

Марк-Андре тер Штеген во 19-тата минута му го одбрани ударот од белата точка на Коста, но излезе предвреме од голот, па доби жолт картон, а Атлетико со повторениот пенал што го изведе Саул Нигес израмни на 1:1.

Потоа во 62-рата минута Нигес повторно беше прецизен од 11 метри и повторно израмни на 2:2.

- Оглас -

Најнови вести