Тер Штеген го спаси Коста од двоен зијан – Атлетико израмни од повторениот пенал (Фото+ Видео)

Андре тер Штеген го одбрани ударот од белата точка што го изведе Диего Коста, но наместо апалузи од соиграчите, доби жолт картон од судијата Ернандес, кој одлучи пеналот повторно да биде изведен.

Голманот на Барселона предвреме ја напушти гол-линијата, а новиот пеналџија на Атлетико, Саул Нигес, беше прецизен и израмни на 1:1.

Претходно Диего Коста во 11-тата минута си постигна автогол, а спас за него и по промашениот пенал беше правилото што не им е по вкус на голманите.

Осум минути подоцна со израмнувачки гол го спаси Нигес во дербито на 33-тото коло во Ла Лига што е во тек.

- Оглас -

Најнови вести