Спектакуларен кикбоксерски нокаут во прва секунда од втора рунда (Видео)

Јапонскиот кикбоксер Каната Уено, кој се натпреварува на професионални турнири К-1 во категоријата до 60 килограми, го нокаутира својот противник со прекрасен удар со нога и тоа во првата секунда, но не од првата, туку од втората рунда од нивната борба.

На петочното Гран При К-1 во Токио, Уено се соочи со Сакуја Уеда во меч во перо категорија. Само што беше означен старт на втората рунда, Уеда сакаше да се поздрави со ракавицата, на што Уено се согласи, но моментот кога покажувањето на почит заврши, 18-годишниот Уено жестоко го нокаутираше својот противник со вртење и удар со нога.

- Оглас -

Најнови вести