Спектакуларен ПСЖ, Нејмар со финта легна тројца и покажа дека му недостасува фудбалот (Видео)

Контролниот дуел против второлигашот Ле Авр, покажа дека екипата на Пари Сен Жермен има голема офанзивна моќ, и дека паузата од неколку месеци без играње фудбал само ги мотивира. ПСЖ славеше со 9-0, сите голови паднаа до 60-та минута, а потоа со измените на целиот тим престанаа да го тероризираат противникот.

Но, додека на терен беа Нејмар, Мбапе, Икарди, Ди Марија и другите ѕвезди, противникот беше немоќен. Најатрактивен беше голот на Нејмар за 3-0 во 21 минута, кога со еден дриблинг измами двајца противнички играч и голманот.

https://www.youtube.com/watch?v=8lkj7kKsf_w

- Оглас -

Најнови вести