Спектакуларна трка на 10.000 метри, срушен олимпискиот рекорд

Една од најатрактивните атлетски трки, таа на 10.000 метри заврши со нов олимписки рекорд и тоа во режија на Џошуа Чептеге. Атлетичарот од Уганда кој во последните неколку години доминира на оваа трка, конечно се закити и со олимписко злато и тоа со време кое преставува нов олимписки рекорд.

Чептеге на крајот имаше време од 26:43.14 минути со што го надмина рекордот на Кенениса Бекеле од ЛОИ во 2008 година кога трчаше со време над 27 минути. Чептеге на ЛОИ во Токио пред три години беше втор, а го освои златото на 5.000 метри. Има и две светски злата и едно сребро од светските првенства.

- Оглас -

Најнови вести