Спектакуларно прво полувреме: Гриезман го врати Атлетико од „мртвите“ (ВИДЕО)

Четири погодоци видовме во првото полувреме во мечот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул ,кој досега беше најинтересната средба во Лигата на шампионите.

Домашниот тим имаше негатива од 0:2 со головите на Милнер и Кејта, но преку Антоан Гриезман изедначи на 2:2.

На останатите средби, Интер и Реал Мадрид имаат минимално водство против Шериф, односно Шахтар Донецк.

За Нераѕурите стрелаше Един Џеко во 34-тата минута, додека Кралскиот тим поведе благодарение на автоголот на Кривтсов во 37-мата минута.

ПСЖ со погодокот на Мбапе дојде до водство против Лајпциг, но гостите покажаа „заби“ и израмнија по една убава акција која ја реализира Силва.

https://www.youtube.com/watch?v=OK9Y-BOLwC8

https://www.youtube.com/watch?v=iP0XS9fEBL0

 

- Оглас -

Најнови вести