Натпреварите од новото, петто коло на Спортска прогноза се тука и веќе може да се типува на нив.
Сосема очекувано, во центарот на вниманието овој викенд ќе биде големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал, коешто се игра во недела од 21 часот.
Само 15 минути претходно, пак на „Сан Сиро“ ќе се игра спектакуларен меч меѓу Милан и Наполи. Како што е добро познато, потребно е да се погодат сите 13 понудени натпревари, а за тој што ќе успее да го стори тоа, за подарок ќе може да си одбере Смарт ТВ самсунг 55 инчи 4К, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X.
Со една утка следува ваучер од 1000 денари од Sport Life, додека со два промашени натпревари следува ваучер од 500 денари.
Спортска прогноза може да ја играат сите оние коишто имаат извадено Sport Life картичка, а оние коишто ја немаат таа картичка, може БЕСПЛАТНО да аплицираат ТУКА.